ИЗВОРЕН ФОЛКЛОР НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ

ВЕЧЕРВА НА ПЛОШТАДОТ АЛЕКСАНДРИЈА

Во рамките на Прилепското културно лето, организирано од ЦК “Марко Цепенков”, на камената бина на плоштадот Александрија, вечерва од 20.30 ч. ќе настапат културно уметнички друштва кои ќе презентираат фолклор на балканските народи. Фолклорот од Македонија ќе го претстави КУД “7 Септември” од Македонски брод, а гости ќе бидат  КУД “Арт” од Ќустендил, Бугарија и фолклорен ансамбл од Лесковац, Србија.

Целта е презентација на фолклорот на соседните земји и остварување на натамошна соработка.

Културното лето се окончува на 6 септември со изложбата на дела создадени на годинешната ликовна колонија Дрен 2013. 

Loading