ПРИВРЕМЕНО ЕЛЕКТРОНСКО МАНДАЛО НА СААТОТ

На секој половина час се слуша одбројувањето на времето од градскиот часовник. По петнаесетина години, конечно се курдиса саатот и се слуша камбаната, додуша електронска, но тоа е знак дека се движат работите за враќање на стариот звук на часовникот.

Потомокот на стариот сатчија Чучур, неговит син Димитар, го отстрани дефектот на саатот да го одбројува времето беспрекорно. Механизмот е сервисиран, подмачкан и се заменети некои делови. Потребно навивање на шест дена со активирање на електромоторот за  качување на теговите на врвот.

– Макотрпно беше отстранувањето на дефектот. Привремено е активирано електронско аудио одбројување. Не е трајно решение да се слуша импровизиран гонг од засилувачи и звучници на половина час. Еден запчаник е скршен, заваруван бил и нема мајстор што може да го излие како нов. Деловите се пратени во Скопје кај инженери да го пресметаат и да го направат. За кус период, запчаникот ќе се констуира и манадалото автентично ќе ја удира камбаната како перед повеќе од век ипол – вели Чучуроски.

Според мајсторот, имало доста оштетувања, деловите биле изабени  зарѓани. Се смениле некои изедени делови.

По неколку месечна работа, механизмот е оспособен и стрелките на часовникот го покажуваат времето на трите страни. Паралелно,саат кулата е осветлена. Мајсторот препорачува ангажирање на човек за контрола, подмачкување и одржување, часовникот да работи уште многу  векови.

Механизмот на саатот е стар 160 години. Донесен е од Виена со брод, по Дунав до Белград, а потоа со арабаџиски коли до Прилеп.

Прилепската саат кула е градена во 1858 година и е постара од лондонскиот Биг Бен.

Loading