СОН ЗА СПОНЗОРИ

ШПЕКУЛАЦИИ

Низ кулоарите продолжува темата за спонзори. А тие ги нема. За разлика од негативните појави од Запад кои веднаш надојдоа, бавно се имплементираат позитивните, како спонзорствата. На веб – сајтот на хрватскиот второлигаш Интер Запрешиќ, каде е Илија Несторовски и – се познава милина! Податоци, играчи, засилувања, подготовки, 1. коло во кое Несторовски даде два гола, стадион со рефлектори, управа со видни луѓе и за нас неверојатни – 61 спонзор. Сите приватници. Веројатно буџетот е повеќе стотици илјади евра, можеби и милион.

А, кај нас? Некаде еден, најчесто ниеден спонзор. Тешко два – тројца да се здружат. Единствениот професионален погон, ЖРК Жито Прилеп е на плеќите од Џорџ. Далеку полесно е 10 фирми да идвојат по 10 – 15 илјади годишно за стабилен второлигаш.

Пак се раѓаат “соништа” за спонзори. Некои само што не влегле во Победа, со платен капар за “купување” на клубот, со план за доплата и брзо санирање на теренот од стадионот “Гоце Делчев”.

Loading