КОРЗО РАЗГРАБАН ОД 13 КЛУБА

ПО ФУЗИЈАТА

Колку вредел ФК Корзо, несудениот прволигаш, се гледа по згаснувањето со фузијата кај скопска Слога. Сите играчи се разграбани. Повеќе од половината се во силни екипи. Анастасов се врати Пелистер, Марковски е на печалба во Грција, второлигаши ги прибраа К. Ивановски и Шалевски во Борец, Сркески и Мижоров со тренерот Штерјовски во Миравци, Гоновски, Гелов и Стојковски во 11 Октомври, Карчески и Гешоски во Победа. За докажаните Димитриоски и Дамески се интересирале повеќе прволигаши и второлигаши, како и од третолигашот Кадино. Кај третолигаши играат: Стојанов и Лиманов во Беласица, Х. Тодоровски во Царев Двор, Ѓорѓиески во Преспа, Стојаноски и М. Ќушкоски во Младост К., Бошкоски во Партизан О., Рушаноски во Млекар.

Покрај понудите, засега настрана е претседателот Трајчески.

Loading