ТОШЕСКИ НА СВЕТСКО

ЏУДО

Членот на ЏК Сеишин, Борче Тошески, е на пат кон Рио де Жанеиро, Бразил, да учествува на Светското првенство за сениори во категоријата до 81 кг. Првата борба е на 26 август. Со квалитетот на ривалите, целта е достојно претставување. На натпреварувањето ќе настапи и сограѓанката Катерина Николоска, порано членка на ЏК Пролетер, сега на скопски ЏК Миоки. Таа ќе се бори во категоријата до 63 кг.

Џудистите ги придружува уште еден прилепчанец кој работи во Скопје, селекторот Игор Паскоски.

Loading