ДЛАНКИ НА ОЧИ

ИСТОРИЈА

Како од убавите филмски класици, се паметат детали од значајните фудбалски мечеви. На 8 мај 1977 гостуваше Вардар. Кога “црвено-црните” играат, празник е под Марковите Кули. До трибините надојдоа “реки” народ. Околу 15 илјади, со транспаренти и сирени ја бодреа Победа. Стадионот “експлодираше” двапати со головите на Глигороски, вториот налик на автогол од Дојчиновски. Тишина завладеа кога судијата Ангелковски свирна пенал за гостите. Пред Драганиќ да земе залет за шут, многумина се молеа или мижеа, а Глигороски исход очекуваше свртен со грбот, клекнат и свиткан надолу како клопче, со дланките врз очи.

Голманот Т. Тодороски одбрани и прославата за триумфот 2-0 траеше долго во ноќта.

Loading