МЕЃУНАРОДНИ ТЕСТОВИ

РАКОМЕТ

Женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп од средата го има српскиот суперлигаш Милениум од Белград за спаринг партнер. До недела се предвидени заеднички тренинзи и тест.

– Возвраќаме на гостопримството во Белград. Можно да имаме секој ден по една пријателска или три – четири вкупно – вели Борче Марковски, тренер на Жито Прилеп.

Вака се најде противник за проверка во отсутсво на домашни тимови, поради недоволниот квалитет или доцниот почеток на подготовките кај клубовите. Оттука, предвидени се меѓународни контроли на турннири во Србија.

– Треба да се сретнеме со Јагодина, Наиса Ниш, Раднички Свилајнац, Раднички Крагуевац… Не е исклучен и Белград – најавува Марковски.

Тестовите се за воигрување на петте нови: бековите Мери Гичева и Мери Адамческа, докажани во Романија и Косово, односно Грција, десното крило велешанка Андреана Неделкова од Металург Скопје, средниот бек Зорица Михајлова и голманката Љупка Белмезова, двете од струмичка Струма.

Loading