ЕДЕН – ВРЕДЕН РАБОТНИК

ТЕРЕНОТ ДВАПАТИ ОБЕЛЕЖУВАН

Има уште поединци безусловно подготвени на придонес кон фудбалот. Не се само од врвот на клубовите или федерациите, давани по весници и телевизии, туку луѓе најскромни, не многу пробивни во јавноста. На првенствениот второлигашки меч 11 Октомври – Силекс (0-0) обилниот дожд ги избриша белите линии на теренот од стадионот “Гоце Делчев” и за време на одморот судиите побараа ново обележување. Нема проблем кога тука е вредниот економ Илија Николоски – Германо. Веднаш на теренот ја изнесе машинката со три колца и за неколку минути со гипс пак се исцртаа најважните линии, пред се на двата шеснаесетника. 

Loading