КУТНАТА СКУЛПТУРА

Во осумдесеттите, добата кога Прилеп на големо се урбанизирал, на тогашните социјалистички власти им текнало дека покрај повеќекатниците, улиците и парковите, нешто недостига. По примерот на поголемите градови од Источниот блок, блеснала идејата дека апстрактните споменици не се лоша идеја. Така опстојуваат фигури на женски торза, чие значење го знаат само уметникот и поупатените во културата. Тие често беа мета на тинејџерите кои со ќумурче им додаваа гениталии.

Мермерните скулптури се дела на учесниците на мермерскиот симпозиум од пред десетина година, а имаше речиси полувековна традиција. Се настаменуваа по парковите, дури и по фабричките дворови. Можеби и организаторите на манифестацијата заборавиле, ако не им се евидентирани, каде се поставени и во каква состојба се наоѓаат творештвата на светски вајарски и скулпторски имиња, кои на градот му подаруваа уметнички дела за естетско, културно и урбано дизајнирање. Дел од имагинациите на “мајсторите” со мермер се исчистени и поставени на арт плоштадот. Други се чисти од вулгарноститеи се спомен на едно време, кое спојува две епохи. Една е кутната на паркот кај плочникот. Веројатно подолго време чека да се намести на соодветна локација. На толку време “стоење простум” , редно е и да “полежи” малку.

Loading