ДЕТЕ СО ДВАЈЦА ТАТКОВЦИ

СТАДИОН

Народната мудрост “Дете со двајца татковци останува без капа” важи за Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Нерамен терен, а кој да го санира? Дали Победа која беше концесионер, градот или некој трет субјект? Дознаваме дека реагираат второлигашите, оти најмногу ги боли. За минатата сабота, спроти дуелот со Скопје, наводнување на преостанатата трева и обележување извршила Победа јуниор. Од понеделникот сé во свои раце презеле од 11 Октомври, во пресрет на утрешниот натпревар со Силекс. Во шега низ градот велат дека за меѓусебното дерби во 4. коло на 31 август, двата клуба нека средуваат по една половина.

 Шегата на страна, доколку теренот остане ваков – никаков по 15 септември, ФФМ не дава дозвола за првенствени мечеви.

Loading