ПОНЕДЕЛНИЧКИ СТАРТ

РК ПРИЛЕП

Машкиот ракометен прволигаш, РК Прилеп, в понеделник го завршува летниот одмор и стартуваат подготовките во “Арена Сонце”. Извесно дека играчкиот кадар со кој располага тренерот Орде Илиоски ќе претрпи измени. Меѓу засилувањата се споменуваат бековите, повратници, Филип Ангеловски од Грција и Дарко Стојаноски од Германија. Амбиција е пласман во горниот дел, не по секоја цена на врвот, туку чекор по чекор поблиску до Супер лигата.

Времето е за активности и на женскиот прволигаш, РК Таста 107 на Елизабета Филипоска и Петар Кузманоски. Новото име не значи нови амбиции, туку целта е “златната” средина со производство на ракометарки за Супер лига и Репрезентација.

Loading