ЧЕСНА БОРБА

ФУДБАЛ

Младите на 11-ти и Победа се борат колку можат

Наспроти бледиот второлигашки старт, нема многу место за приговор кон младите постави на 11 Октомври и Победа. Тимовите се бореа чесно, а тоа сега е најценето во фудбалот, каде има премногу местења.

Екипата на 11 Октомври, предводена од Круме Митрикески – Сашо Спиркоски водеше на полувреме 0-1 со голот на Никовиќ кај Маџари, но не издржа и загуби со 3-1. Настапија: Гоновски, Шаркоски, Илиески, Иваноски, Лазаров (С. Здравески), Речкоски (Б. Спиркоски), Стојковски, Дунимаглоски, И. Мирчески, Кировски (Г. Здравески), Никовиќ. В сабота (17, 30 ч.) засилени со стоперот Гелов од Корзо дома го чекаат екс – прволигашот Силекс.

Победа на Златко Петрески одигра тврд меч 0-0 со Скопје, со три исклучувања. Во прилог одеше првото на гостинскиот Алексовски, но домашните 30 минути не материјализираа. Во 66. минута в шеснаесетник падна  Карчески и наместо пенал доби црвен картон. Победа излезе од колосек, а капак беше второто исклучување за Котески. Настапија: Д. Ристевски, В. Митревски, Богоески, Јанкулоски, Котески, Мегленски, Карчески, Петрески, Здравески, Чешелкоски (Зојчески), Станковски (Б. Митрески). Со Велјановски, Мустафов и Гешоски в сабота одат кај Локомотива.

На второ место од табелата е името Корзо, зад кого се крие – Слога.

Loading