ПОКУСИ ЗА БОД

ШАХ

Седмо место за ШК Прилеп меѓу осум екипи на Државното првенство, со освоени три бода, еден помалку од Куманово. Загубено е правото за автоматско учество на шампионатот в година. Тимот ќе мора во квалификации. Шансата е испуштена во ремито 3-3 со Куманово и минималниот пораз 2,5 – 3,5 од С. Патако Битола. Недоволна е единствената победа 4-2 со последниот, без бодови, Карпош на ФМ Р. Велески. Очекувани беа поразите со по 1,5 – 4,5 од Гамбит Скопје и од БМ К. Вода на ФМ С. Трајкоски, 1-5 од Кочани и 0-6 од Алкалоид, првакот со максимални 14 бода, за кого настапи ВМ З. Станојоски. ШК Прилеп беше во состав: ФМ Д. Стефановски (2,5 поени), ИМ Т. Кироски (3,5), Д. Ѓорѓиески (2), К. Николоски (2,5), Ѓ. Котески (1,5), М. Дамчески (1,5), Г. Готовуша и З. Конески.

Претходно, на поединечното Државно, победи битолчанецот ВМ В. Богдановски, втор беше З. Станојоски, деветти Р. Велески.

Loading