ПРИЛЕПСКИ СПОРТСКИ ГОЛЕМИНИ

НОВА КНИГА

Прилепски спортски големини е насловена книгата од доајенот на спортското новинарство, Драги Башески. Иако е во почетна фаза, поради концептот, се наѕира голем проект, поддржан од соработници. Низ текстови и фотографии ќе има место за највисоките спортски постигнувања на функционери, тренери и играчи. Според авторот, предвидени се три категории: прилепчани докажани во градов, прилепчани потврдени во други средини и во странство, како и засилувања, доведени отстрана во нашите тимови.

Сите спортови и водечки клубови ќе бидат земени предвид, така што претстои макотрпно селектирање на најистакнатите во “Прилепски спортски големини”.

Loading