НОВ ПОЕТСКИ ИЗБЛИК ОД ВАСИЛЕ ДИМЕСКИ

Седи Марко под кулине вишни

пие вино рујно вино пие

Ангелина му диван стои

Ај донеси Лична Ангелино

до три чаши рујно вино

рујно вино тригодишно

Една чаша за робјено долу

друга чаша за младине невести

трета чаша за одбор јунаци

од потајум

со прелага што ги плени Црна Арапина…….

Ова се дел од стиховите во “Прикрепи ми ја ракава мајко” – новата книга поезија од поетот Василе Димески, издадена во едицијата Современа македонска поезија на Здружението за уметност и култура на живеење “Дијалог”.

Авторот во пет поглавја, преку стиховите, пренесува размисли за “Никој Марко не го виде мртов”, за “Срцето што уште му чука во каменот”, за “Сонувачите меѓу робовите…” за “Голем срам е ракава ако ми малакса”, и за “Пие Марко рујно вино пие”.

Димески завршил Филозофски факултет, група – историја на југословенски книжевности во Скопје. Автор е на повеќе книги, поезија,  на поеми и на драмски книги.   

Loading