ИНДИЕЦ НА ПИВО

“Заскитан” Индиец во “своја руба” се гоштеваше со пиво и мезе на Пивофестот. И не само што уживаше во слатко горчливиот вкус од камен студената кригла, тој танцуваше на македонска народна музика. Во ритамот на чочекот и орото, вешто го виткаше телото и брзо фати такт и чекор.

На Пивофестот се појави и една Американка со афро потекло. Таа не танцуваше, туку со својот брачен другар од Србија љубопитно гледаа низ  расчадените скари. На славата на пивото годинава немаше Кинези, но затоа лани ги имаше не во мал број. 

Loading