ЛАМИ НА МОГИЛА

На паркот кај Могилата, на понијата Фреди и Сузи, плус двете засега безимени, им прават друштво чифт јужноамерикански лами. Комуналец едната ја добил од граѓанин, а другата е подарок од зоолошката градина од Битола. Мирните и интересни суштества, изгледаат како да се во родното место, а не на Андите. Наместо да се товарат, како во татковината, на “нашите” лами релаксираното пасење им е главна преокупација. Животните, на изглед како џиновски овци, всушност, се еден вид на камили.

Во оградениот простор ретко ја креваат главата да ги покажат забите додека џвакаат трева. Не се срамежливи, туку љубопитни и дружељубиви. Не се кријат, туку ги гледаат со ист интерес како луѓето нив. Ако се претера со додевање, заземаат одбранбен став со спуштени уши и можат да го плукнат претерано љубопитниот гледач.

На чифтот лами, градот доби подарок од  ЗОО градината од Битола и елен. Дознаваме дека веќе е добиена и виза за мини – зоолошка градина.  

Loading