ЖАЛ ЗА ФК ЗИК ПРИЛЕП

ИСТОРИЈА

Пред Втората светска војна постоел фудбалски клуб Хајдук, обновен 1951 година, а во шеесеттите преимеименувал во ФК ЗИК Прилеп, под спонзорство на земјоделскиот комбинат. Се натпреварувал главно во регионална лига, Пелагониски или Битолски потсојуз, а во 1970 година се пласирал во Републичка конкуренција. Меѓу успешните тренери е Благоја Башески.

– Убави спомени. Имав играчи подоцна професори, како капитенот Зоран Стојкоски. Се истакнаа Диме Кусио, Чурлино, Мигачо, Штарго, Стојаноски, Орде Мунтио… Со глава оддалеку голови даваше Паскал. Во бараж со Илинден во Ропотово загубивме 2-0, дома ги добивме 11-0, но битолчани се исплашија и нé не примија во потсојузот – се сеќава Башески.

Мечевите се играле на спортскиот центар кај базенот пред илјадна публика, која жалела што во осумдесеттите престанал да постои омилениот ФК ЗИК Прилеп.

Loading