НАПРЕДОК – ПОБЕДА 3-3

ФУДБАЛ

После уплатата на котизацијата, второлигашите од градов полесно дишат и се посветуваат на подготовките. Победа со Златко Петрески секој ден тренира или игра пријателска. По поразот 3-0 во Новаци, следеше поправка во Кичево, каде со прволигашот Напредок одигра 3-3. Настапија Ристевски, Андреевски, Богоески, Јанкулоски, В. Митревски, Мегленски, Карчески, Петрески, Здравески, Чешелкоски, Станковски, во вториот дел уште Крстески, Хр. Трајкоски, Б. Митрески и Х. Трајкоски.

Победа многу очекува од новите:, Мегленски, Станковски, Карчески, Крстески, Андреевски, Трајкоски, Рушаноски, битолчаните Ристевски и Мустафов. Тестовите продолжуваат. Вчера со Пелистер во Битола, а в недела со Зајас во Кичево. Покрај шпекулациите за ново раководство, трошоците за превоз ги обезбедувала старата управа!

Втора недела тренира 11 Октомври со тандемот Круме Митрикески и Сашо Спиркоски. Работат со 20 играчи двапати дневно на Градски и на Могила. Нов голман е Гоновски, стопер Гелов, двајцата од Корзо, а најавени се уште пет – шестмина. Планирани се повеќе пријателски мечеви да се дочека подготено првенството на 10 август на гости кај Маџари и купот на 21 август дома со Ренова.

Loading