НЕГРИЖА

ГРАДСКИ СТАДИОН

Пропаднат е теренот на стадионот “Гоце Делчев”. Нерамнините се на секоја педа, тревата гори. Има израснато и на трибините, меѓу седиштата и крај оградите. На игралиштето тренираше Победа, но нема да игра пријателска да видат симпатизерите. Нерамнините се голем ризик за повреди. Патем дознаваме, летово ниеден работник не влегол во стадионот, никој не се грижел за санација.

Навивачите не губат надеж. Со нетрпение го чекаат модерниот фудбалски стадион.

Loading