МАМЕЦ СТАНА ШАМПИОН

Екипно рибарите од друштвото Мамец се шампиони во риболов. На последниот турнир на спортско риболовната лига на Тиквешкото езеро екипата во состав – браќата Благоја и Рубин Николоски и Иван Илиоски се закитија со златниот пехар пред екипите на Вардар од Скопје и Пец- пец од Прилеп. Тимот на Мамец стекна право да бие риболовен меѓународен мегдан од европски карактер што ќе се одржи идната година во Словенија.  

И во поединечна конкуренција, измамија најмногу риби на јадиците и ги наполнија живарниците за да бидат на првото, односно на второто место, Благоја Николоски и Иван Илиески. Ним им дишеа на вратот Сашо Цветкоски од Пец – пец со петтото место и Рубин Николоски од Мамец со седмото место. 

Loading