РАПЛАКАНИ ЧЕТИРИ ГРКИНКИ

КАРАТЕ

На Светскиот куп во Керкира, Грција, одличен настап на прилепските каратистки на КК Ронин од Елизабета и Златко Димоски. Во кати за кадетки Маријана Димоска е “златна” со победа во финалето над близначката Мишела. Пред најдобрата се покорија Гркинка, Русинка и Египќанка, а “сребрената” одржа лекции на Швеѓанка, Гркинка и Австријка. Ривалките беа вкупно 13 од 10 земји. Во борби до 54 килограми, пак солидни, Маријана совлада Австралијка, загуби од Швеѓанка, а Мишела победи Австралијка, загуби од Египќанка. Третиот медал е освоен во ката за пионерки. Киријана Камческа расплака уште две Гркинки и претставничка на ЈАР, а во финале загуби од Сингапурка.

Штета, каратето не е фудбал, да разбере и меѓународната јавност за прилепските медали.

Loading