КОНЗЕРВИРАН ХЕЛЕНИСТИЧКИОТ БЕДЕМ…

НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТИБЕРА

Хеленистичкиот бедем и одводниот канал, откриени при ископувањата на локалитетот Стибера кај Чепигово во 2009, 2010 и 2011 година, конечно се конзервирани и реставрирани со поддршка на Министерството за култура.

– Комплетно се конзервирани новооткриените делови во Гимназионот. Автентично се обновени бедемот од хеленистичкиот период и каналот. Локалитетот доби нов лик со конзервацијата. Посетителите ќе имаат сознанија каков бил животот во градот – вели архитектот Кире Јованоски, советник конзерватор од Завод и Музеј.

Локалитетот Стибера е капитален истражувачки објект за државата од антиката. Градот, според податоците, опстојувал од трети век п.н.е. до третиот век од н.е.

 Во повеќегодишните истраги откриени се Гимназионот, храмот на Божицата Тихе, култните објекти како и над 30 скулптури и 30 мермерни натписи. Дел од пронајдените скулптури се поставени пред Владата, кои потоа ќе бидат сместени во новиот Археолошки музеј на Македонија. Посетителите можат да ги видат дел од артефактите во новата археолошка поставка на  Музејот.

Loading