БУНТЕ И ДАСКАЛО ТЕГНАТ ЖИЦИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Иако Прилеп има богата долга музичка традиција на староградската песна придружувана на жичани инструменти во живо, без употреба на технички помагала, во последно време сé помалку може да се слушне, затоа што  младите музичари се ориентирани кон силни ритми, турбо фолк… Економистот и некогашен рокер на гитара Славчо Бунтевски и наставникот Благоја Дукоски со примот ја негуваат староградската музика. “Бунте и Даскало”, како што ги викаат, се обидуваат да го сопрат времето и да ја вратат музиката за увце, тивка, романтична и традиционална. Веќе 25 години во дел од  рестораните воодушевуваат постари генерации, а не ретко на свирки ги креваат од столица младите љубители на староградската  музика. Прават “атмосфера” дома на веселби, веридби, родендени, слави, матурски…                                

Велат дека ќе свират додека ги држат  рацете и гласот.

– Дел од младите се “далдисани” по турбото. Но, како да се враќаат на корените и сé повеќе им се допаѓа старата македонска песна, музиката на Скадарлија, далматински песни, босански севдах… – велат двајцата музичари.

Биле членови на оркестарот Мерак. Откако се растуриле, речиси нема ресторан каде не забавувале гости. И не само во градов, туку и во Крушево, Битола, Охрид…

 Ги тегнат струните на гитарата и примот и како членови на октетот “Прилеп”. Како претставници на Прилеп го покажувале раскошот на македонскиот фолклор пред Македонците во Врање, во Албанија, учествувале и на фестивал во Гора, на Косово.

Loading