ЧЕТВРТИ ПРИЛЕПЧАНЕЦ

МАНТА ВО ФУДБАЛСКА ВЛАДА

На Собранието во Охрид делегатите на ФФМ изгласаа четиригодишен мандат на претседателот Илчо Ѓорѓиоски, а конституиран е УО со 15 членови. Меѓу нив е Марјан Стојкоски – Манта. Прифатен е предлогот за намалување на лигите од наредната сезона 2014/15. Првата и Втората ќе бројат по 10, а пет трети по 12 тима. Фокусот е кон Првата лига и мошне значајно во скратената елита да има место за тим од градов. Претстојат многу желби за консолидација на нашиот фудбал со нов лик на градскиот стадион и убав помошен терен. Важна е партиципацијата на ОФС Прилеп со својот прв човек во ФФМ.

По осамостојувањето, Стојкоски е четврти по ред прилепчанец во фудбалската влада. Претходно беа: Трајче Маџоски (1992 – 1999), Хари Хаџи – Ристески (1999 – 2002, претседател до 2012) и Сашо Наумоски (2005 – 2012).

Loading