СИРОМАШЕН БИЛАНС

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ

Последните денови не го поправија бледиот впечаток со резултатите од прилепските спортисти на Медитеранските игри во Мерсин, Турција. Каратистите од Спорт 94 беа сопрени на стартот, Теодора Бошкоска од Италијанка, Мартин Петрески од Шпанец и Египќанец, Тодор Ристески од Грк. Женската ракометна репрезентација со четири од Жито Прилеп, во последното коло од групата четврт пат загуби, од Шпанија (13-24), но на крајот победи (27-24) за 9. место со Алжир. Голманката Дијана Наумоска имаше девет одбрани, по два гола дадоа Савица Мркиќ и Тања Шалевска, а беше и Марија Серафимовска. Фудбалската репрезентација е поразена (4-2) во меч за 5. место од Босна. Јорданчо Наумоски (Брондби, Данска) играше 90 минути, а дуелот е загубен во 88 и 89 минута. Гимнастичарот Дино Бошњак (КГС Партизан) е 37. место меѓу 53 учесници, поради повреда вежбаше само на три од шесте справи, џудистката Катерина Николоска (Миоки, Скопје) е поразена на стартот од Хрватка.

Меѓу 22 земји, Македонија со пет медали е подобра само од Босна, Либан и Андора, а послаба од Сан Марино. 

Loading