ТИТО ПРЕКИНАЛ МЕЧ ВО ВРБЈАНИ

ИСТОРИЈА

Два рекорди држи некогашниот фудбалски судија, Владе Ристески – Тито. Во 1981 година има прекинато меч во прва минута! Во Врбјани играле домашната Македонија и Братство од Големо Коњари, во борба за прво место во општинската лига. Тензии имало уште на почетокот.

– Само што топката тргна од центарот, гостинскиот тренер се стрча и со клоца го удри помошниот судија. Беа колеги со нерасчистени сметки. Отсвирив крај, според прописите, а мечот службено го доби Македонија – се сеќава Ристески.

Вториот натпревар за Гинис е поради доделени 18 жолти и шест црвени картони. Во 1982 година играле пак за општински првак на Струга, Радожда – Велешта 2-2. Изедначениот судиски критериум го спасил мечот да се одигра до крај, бидејќи биле исклучени по тројца од двете страни, доволно за лимит.

– Прегруба игра, секој фаул беше за санкција. Почнав со жолти, не запираа. Немаше друго, се раздавав црвени – вели Ристески.

Loading