ШУКЕР ВО ПРВА ПОСТАВА НА ПРИБРАМ

ФУДБАЛ: ЗОРАН ДАНОСКИ, ИСТАКНАТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО СТРАНСТВО

ЗА ЧЕШКИОТ ПРВОЛИГАШ ДАДЕ ГОЛ НА ЛЕТЕН ТЕСТ

Во големата криза на прилепскиот фудбал, радува секој успех на наш сограѓанин. Во странство пробивот е сé потежок, но поединци се одржуваат, како Зоран Даноски – Шукер. Втора сезона е во чешкиот прволигаш Прибрам. На него се смета најсериозно, поради летните контролни мечеви. На првата контрола со Бохемијанс Прага, придонесе во победата од 2-1, со голот во 9. минута. Одигра 45 минути во првата постава. Цел натпревар играше против Млада Болеслав, во поразот со 0-2. И на подготовките во Австрија од некогашниот чехословачки репрезентативец тренерот Франтишек Страка, доби предност. Во првиот состав играше 60 минути против германскиот Карлсруе, а дуелот е загубен 0-1 со гол во 89. минута.

Следат уште контроли до 20 јули и првиот првенствен меч на гости кај Млада Болеслав. В петок се одмеруваат силите пак со Германци од Дуизбург, а после е враќањето во Чешка. Даноски многу очекува од есенскиот дел, да биде поуспешен од лани, кога настапи на 12 средби и постигна еден гол. Претходно играше за второлигашот Бањик Мост.

Зоран Даноски има 22 години и потекнува од Победа.

Loading