ПОПЛАДНЕВЕН МЕТЕЖ

СПОРТСКИ ЦЕНТАР

Секој ден по 17 часот е метеж на игралиштето од Спортскиот центар. На тревнатиот дел се фудбалери, главно помлади од ФК 11 Октомври и други школи. Тренираат и фудбалерките на Победа. На кружната патека километри истрчуваат атлетичарите на 3-ти Ноември. Има и рекреативци, со намера да симнат некој килограм. Бројни се пензионерите, љубители на пешачење, за одржување на здравјето. И  во мрак поединци не го напуштаат местото, по свеж воздух довршувајќи ги вежбите.

Тивко е наутро до 10 часот, кога тренираат професионалци, кои имаат потреба од два термина дневно.

Loading