ПИВО ВО ДРВЕНИ ГАЈБИ

Младите сé повеќе го консумираат пивото за разладување од летните горештини. Производителите измислуваат разно – разни приказни и начини да привлечат што повеќе љубители на пенливиот пијалок, некогаш и без алкохол. Се амбалажира во пластични гајби, под широки шатори – сонцебрани, дури се нуди и во пластични поголеми шишиња, во лимени конзерви, стаклени шишиња…, Сé е во знак на модата и современието по примерот од другите европски пиварници.

Меѓу двете Светски војни, пивото од прилепската пиварница се носело, низ малкуте биртии со дрвени коли и дрвени гајби. Се пиело во кафеаните, а не како сега насекаде и со секого.

Постарите се сеќаваат и на мирисот на хмељот што се ширеше од Пиварницата кога се подготвуваше пивото во стаклени шишиња, со поинакви и обични тапи – затворачи. Тогаш шишињата беа повратна амбалажа. Се разнесуваше со запрежни коли. Се памети големиот жолт штаерски коњ што ја влечеше големата, колку сега пет – шест шпедитерски, приколка, натоварена со гајби пиво и големи калапи мраз. Така се ладеше пивото, наместо во фрижидери.

Времињата го прават своето. Не е како пред половина век. Сега сé е во знакот на модата, а со тоа и на сé поголемата заработувачка.

Loading