ДАСКАЛИ ПО ПОЛОВИНА ВЕК


Златен јубилеј прославија некогашните ученици од Учителската школа во Битола. Импозантни 50 години за даскалите и даскалиците кои со елан образувале илјадници деца и пренесувале ука на генерации.

Меѓу даскалите, со возраст од околу седум децении, на генерациската средба биле 18 славеници од Прилеп. Велат дека годините не се бројат преку моментите кога вдишуваме, туку преку моментите што нé оставаат без здив. Разменија животните приказни, се потсетија на младешките лудории, екскурзиите, игранките, неизбежните симпатии и првите љубовни доживувања.

Белите глави се само оклоп под кој се крие мозок избразден со безбројни доживувања и случки, од кои некои ги знаат само тие.

Се “вратија” во сегашноста, гордо покажувајќи ги фотографиите на нивната челад и внуци. Со сладок тон на исчекување ќе ја повторат средбата в година.  

Loading