НОВА ПЕСНА НА Д ХАУНДС СО ЛЕА

Д Хаундс, бендот што успешно се лансираше во поп сферата , сега како етаблиран состав продолжува со нови походи.

После соработката со рокерката Дани, појавувањето на раперот Тони Зен во новогодишниот спот, успешно е завршено уште едно поглавје од “книгата за Пците”, овојпат со Леана Таќи – Леа.

Снимената песна со Леа, која не е непозната во музичката шема има наслов “Да дишеме слободно”. Леа, има доста избегано од сенката на нејзиниот татко, Гранит Таќи од незаборавниот состав “Лева патика”, па успешен член е на бендот Eye Cue. Понекогаш изведува соло настапи по клупските свирки.     

“Легурата” од Леа и Пците, направија летна нумера со освежителен призвук.

Текстот и композицијата се на Кирил Бабамов, а во реализацијата придонес дала и Весна Малинова. Снимена е во студиото на Нино Васков. Додека го очекуваме спотот, уживајте со песната на Јутуб.

Loading