ФУДБАЛЕРИ ВО ПРАШИНА

ИСТОРИЈА

Идеализирајќи го минатото, некои сеќавања изгледаат неверојатни. До пред околу 25 години секој викенд на Спортскиот центар се играа мечеви на земјено игралиште. Трева немаше ни педа. Беше на местото каде сега се тениските терени и салата “Маркови кули”. На земјата обично играа општинските лигаши и младинските екипи, како ФК Пелагонија турист, ФК Тутунски комбинат или ФК ЗИК Прилеп. Најнепријатна глетка беше прашината. Кај што е топката трчаа  неколкумина и се креваше голема прашина. Гледачите се чудеа како ли издржуваат играчите, бидејќи штом се расчистува една прашина, се крева друга и така цел натпревар.

Земјениот терен со најмали димензии беше изнуден поради повеќето екипи, од кои поквалитетните играа на Градски и на тревнатото игралиште од Спортскиот центар.

Loading