МЕДАЛИТЕ ТЕЖАТ ПАРИ

ОПШТИНАТА НАГРАДУВА

Обично спортистите се жалат на тешките услови, дека се оставени сами на себе, но еве спротивен пример од општинава. Актуелно и годинава е доделувањето буџетски средства за успешните. Парично се наградуваат освојувачите на медали од светско, европско, олимпијада/параолимпијада, балканско и државно првенство или куп, во сениорска и младинско – пионерска конкуренција. Услов е, покрај медалот во состав на репрезентацијата, трофејниот спортист да е жител на општинава и член во клуб регистриран за вршење дејност.

Според правилникот, најмногу вреди олимписко/параолимпиското злато – 1.200.000 денари, среброто е 900.000, бронзата 750.000. Сениорско злато на светско носи 600 илјади денари, среброто 300 илјади, бронзата 150 илјади ден. Тешки се и младинско/пионерските медали од светско, со вредност од 150.000, 75.000 и 38.000 ден. Исти се износите за европско сениорско. Светскиот сениорски куп е проценет на 160.000, 80. 000 и 40. 000, а младинскиот на 80. 000, 40. 000 и 20. 000 ден. Од европско за младинци/пионери може да се спечалат, за прво место 75.000, за второ 38.000, за трето 19.000. Европски сениорски куп вреди 35.000, 30.000 и 25.000, а за младите 22.000, 19.000 и 16.000 ден. Најмали се наградите за државен младински куп: 5.000, 3.000 и 2.000 денари.

“Тријат раце” малите, индивидуални спортови, каде се настапува секаде, на светско, европско, балканско, државно првенство и куп, поединечно и екипно, по две – три дисциплини.

Loading