СОКАК ПРЕД 90 И КУСУР ГОДИНИ

“Поминав еднаш заминав, низ таа стара чаршија, низ тие мали дуќани, по тие тесни сокаци…”. Песнава многу убаво ја отсликува прилепската чаршија на времето.

Скромна, со стари дуќанчиња со дрвени кепенци, со калдрмени улици кои зрачат со својата подреденост. Ниски дуќанчиња со примитивни заштити од сонце. Уличкава, која е дел од Старата чаршија, сликана е пред повеќе од 90 години. Ретко кој би ја препознал локацијата. Не паметат ниту повозрасните. Толкуваат дека е некаде на влезот во чаршијата. Но, којзнае. Дел од Чаршијата е урната, а дел е многу реновирана, така што тешко може да се одгатне, кој дел од сокаците го “фатила” некоја од ретките камери од тоа време. По правливата уличка “цупкаат” прилепчани и војници. И по некој Турчин со фес на глава. Уште тогаш секој си ја гледал работата и соживотот.

Loading