ВТОРИ ВО РЕСЕН

МАЛ ФУДБАЛ

Некои успешни се во голем, други станаа мајстори за мал фудбал. Екипата на Владо компани се “специјализира” на потесно игралиште. По трофејот во Лажани, на турнирот во Ресен освои второ место во конкуренција на 24 тима. Беше напорно, се играше и патуваше десет дена, но храбро издржаа момците на Боцо Маркоски. И не им е  доста, само по тридневен одмор прифатија покана за настап и во Дебреште.

Екипата и компанијата ги афирмираат: Настески, Никовиќ, Х. Тодоровски, Рипилоски, Чешелкоски, Б. Глигороски, К. Глигороски, Петрески, Колевски и Симоноски.

Loading