ВАРОШ ЦВРСТ ОРЕВ

КУП

Интересен фудбалски куп натпревар на “Гоце Делчев” одиграа 11 Октомври и Варош. Третолигашот се покажа цврст орев за второлигашот, по 90 минути беше 2-2. Фаворитот поведе преку Спиркоски од пенал и Наумчески, а со два гола израмни Мургоски. При изведување пенали за победникот погодија Колевски, Спиркоски, Шаркоски и Наумчески, голманот Талески двапати одбрани и натаму оди 11 Октомври. Во Купот останува уште еден второлигаш, Корзо. Прво во Тополчани со 3-2 го совлада домаќинот, потоа со 2-0 и Братство од Житоше. Од ова натпреварување уште на стартот отпадна Победа јуниор. Загуби со 2-0 токму од Братство Житоше, на теренот во Лажани.

Натпреварите се за сезоната 2013/14, за влез меѓу 32 најдобри тимови од ФФМ.

Loading