БЛЕСОК И “ОГАН” НА СЦЕНАТА

ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВА 48 МТФ,,ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ,,

На пладне жирито на МТФ ,,Војдан Чернодрински, во состав Васе Манчев, Мустафа Јашар и Јани Бојаџи ќе ги соопшти имињата на добитниците на наградите а вечерва ќе се врачуваат на последното спуштање на пердето на годинешното 48 фестивалско театарско издание. Седумдневниот празник на татарот ќе се оконча  со Ансамблот на театарот Комедија, кој  ќе ја одигра претставата “Ах, љубов моја” во режија на Коле Ангеловски.

На годинешниот фестивал видовме 20 претстави, од сите театри, од кои 13 во официјалната конкуренција. Разновидни, во кои публиката уживаше. Дел работени по текстови на домашни автори, дел по странски. Сепак, значајно е што на овој фестивал во поголем број беа застапени претставите работени по текстови на домашни автори, што посебно го истакнуваат театарџиите.

– Годинава имавме привилегија да проследиме шест претстави на домашни автори. Многу важно е да се види домашната драматургија, затоа што е тоа најважно на фестивалот – вели д-р Ана Стојаноска.

Како носител на четири награди од МТФ, на Дејан Лилиќ, директорот на МНТ, секогаш му претставувало задоволство кога гледал претстави или пак играл на фестивалот.

– Една од поубавите работи е што се наоѓаме тука, да другаруваме и да ги споделуваме информациите какви проекти реализираме – вели Лилиќ.

Радмила Коцевска – Ѓорѓевиќ, директор на театарот “Бора Станковиќ” од Врање, МТФ го споредува со српското Стеријно позорје.

–  Фестивалот се мери со Стеријното позорје. Проследив одлични претстави, што доволно говори за квалитетот на македонскиот театар – вели таа.

Loading