ГОРАН БРЕГОВИЌ И СЕКСИПИЛНАТА ИНА НА ПИВОФЕСТ

Централна музичка звезда на Пивофестот од 18 до 21 јули ќе е MTV атрактивната Inna. Таа е романска електро, поп пејачка, која е популарна и во Америка и Европа. Нејзините песни се хитови и во Австралија. Добитничка е на две награди на MTV Europe Music Awards. Таа е текстописец и фото модел, но ја “бива” и за танцувачки перформанси. Горан Бреговиќ со Оркестарот за свадби и погреби е поранешната ЈУ рок икона што не венее и не ја засенува времето и по разидувањето на Бјело Дугме. Тој со фреш изданија на трубачи ќе ја запали атмосферата неколку часа на годинешното издание на Пивофест.

Дознаваме дека сигурен е и настапот на босанскиот фолкер од некогаш, кој и денеска полни сали, Халид Бешлиќ.              

Неофицијално, на првиот ден на празникот на пивото ќе настапат хрватските челисти 2CELLOS. 

Loading