РИСТЕСКИ ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ОД БИЗНИСМЕНИТЕ

Претседателот на Регионалната стопанска комора Симон Наумоски му врачи благодарница на градоначалникот Марјан Ристески за осум годишната успешна соработка. Честитајќи му го третиот мандат, тој, на седницата на управниот одбор на Комората, истакна дека досегашната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот била плодна, со реализирани многу проекти на градоначалникот, а иницирани од стопанствениците.

Наумоски им ги честита изборот на градоначалниците на Кривогаштани, Тони Заткоски и на Долнени, Боше Милошески, кои беа присутни на седницата, изразувајќи подготвеност за продолжување на добрите односи.

Управниот одбор заклучи заедно со градоначалникот да ги посети општините Долнени, Кривогаштани и Крушево да го пренесе досегашното искуство од заедничката соработка со градоначалникот на Прилеп и да им се даде секаков вид на поддршка за остварување на програмите за побрз економски развој на нивните општини.

Бизнис секторот ќе ја поддржи финансиски, во рамките на можностите манифестацијата Пиво фест 2013.   

Loading