ПЕТОКРАКА НА ЈАДРАН


Спокојни 50-тите години во Прилеп. “Залегнала” старата пошта, на местото каде што е сега Комерцијална банка. До неа Синдикалната зграда. Пред неа хортикултурно уреден зелен парк со патеки низ него.

Тука е и Куршумли ан, остатоците од некогашниот ан. А на местото од  Центарот на културата, пак анови и други објекти. Кај сегашниот плочник е некогашниот плоштад наречен Слобода. Кадрото од врвот на Саат кулата го “фатило” делот со велелепни згради и интересен изглед. Се гледа дури и петокраката на урнатиот хотел на Чесновци – Јадран. Тука е Булеварот издолжен како писта. Гол без липите. Само бандерите ја раскршуваат идиличната слика на едноставност и гордост.

Куќите го прегрнале Булеварот од двете страни. Како да знаат дека тука е и ќе биде центарот на случувањата.

Loading