ПОСЕЗОНСКИ ТРЕНИНЗИ

ЖИТО ПРИЛЕП

Заврши сезоната, но како е вообичаено во професионалните клубови, ракометарките на Жито Прилеп тренираат во арената “Сонце”. Нема бегање од задачите на тренерот Борче Марковски. Планот за работа го надоместува недостатокот од квалитетни првенствени и куп мечеви. Шампионот Вардар и куп – победникот Металург се пресилни, другите слаби и речиси нема неизвесен, рамноправен дуел. Натпреварите се незаменливи, таму се добива искуство и оформуваат играчите. Но, сега тренинзите се главни. Вежбањето техника и тактика продолжува до крајот на мај, после следи одмор, најверојатно до втората половина на јули.

Одморот не е без задача за управата, која со тренерот прави анализа и стратегија со идни засилувања во Жито Прилеп.

Loading