ЛИМЕНИОТ КРСТ

ИСТОРИЈА

Голем, лимен крст долги години беше пред влезот во старата канцеларија на ФК Победа, на местото каде се издигаше голема ограда на теренот од Градскиот стадион. Некој голем верник го поставил кога “издишуваше” стариот систем и доаѓаше новиот. Ако случајно неупатените го преместеа, веднаш се враќаше назад. Играчи, управа, тренери и навивачи се крстеа, го бакнуваа со верба дека носи среќа на секој тренинг и меч. Пред патување, како икона, се посетуваше христијанскиот симбол. Растеше вербата, растеа резултатите, Победа двапати стана шампион, еднаш освои Куп, за 10 години одигра 32 меча во Европа. Така беше до реновирањето на стадионот.

По “никнувањето” на новата управна зграда и трибина, многумина често прашуваат: Каде е лимениот крст?

Loading