ФИНАЛЕТО В НЕДЕЛА

ОПШТИНСКА И ТРЕТА

Деновиве е најинтересниот дел од општинската А лига, плеј – офот. Учествуваат четирите тима од основниот дел. Во вторникот се сретнаа Пролетер – Обршани 4-2, во средата Варош – Слога. Победниците в недела (17 ч.) на стадионот “Гоце Делчев” се борат за првак и место во третата лига. Во Третата лига – Југ преостануваат уште две кола. Борец одамна е првак и ќе игра бараж за пласман во Втора лига. Доколку успее, од третата лига отпаѓаат две, во спротивно лошо е и за трета екипа. На табелата веќе отпаднат е Вардарски со 14, а загрозени се Младост со 30 и уште четири тима по 32 бода: Сирково, Тополчани, Росоман и Братство.

Викендов е претпоследното коло: Кадино – Младост, Братство – Сирково, Млекар – Бабуна, Росоман – Партизан, Вардар – Г. Коњари и Тополчани – Превалец.

Loading