НОВО ИМЕ ТАСТА 107

РАКОМЕТ

Го менува името најмладиот женски ракометен клуб Филип 107, по една дебитантска прволигашка сезона. Новото е Таста 107, според тренерите, прекарот на Петар Кузманоски, броевите, 7 на Елизабета Филипоска плус 10 на Вера Аџулеска, сопственички на Школата. Клубот очекува спонзори, бидејќи исцрпено го привршува првенството.

За само еднаш поразениот тим на Стружанка, екипата имаше чест предвреме да гостува во Струга на доделувањето на пехарот. Домашните победија и вратија за сензационалното реми есеноска во Прилеп. Стружанка е пример за негување на таленти. Таква стратегија има и РК Таста 107. Во првенството шанса добиваа и мошне млади чие време доаѓа, покрај неколку искусните. Наследнички се на бекот – крило Софија Аџулеска, која петта година успешно игра во суперлигашот Жито Прилеп.

Клубот е задоволен од пласманот во средината на табелата потврден со последниот триумф 30-29 над третиот Борец.

Loading