ОВА НЕ Е ГОЛ!

ПРОМАШУВАЊЕ

Играчот се затрча в гол, се заплетка в мрежа, а топката не сакаше таму! На второлигашкиот меч 11 Октомври – Скопје (0-1), акцијата на чуден начин не заврши со погодок за гостите. Прво Јашаровски оддесно преку голманот Кебакоски ја префрли топката на другата страна, каде беше осамен Димитровски. Тој ја очекуваше со глава, но планот го расипа реквизитот. Паѓајќи одозгора удри во пречката и се одби кај домашните, кои го прежалиле голот, но кога им дојде топката како порачана, расчистија. Гледачите фатени за глави коментираа во стилот на Младен Делиќ “Дали е ова можно?”

Се чинеше дека младиот, сигурен голман Давор Талески ќе остане несовладан. Но фаворитот Скопје ги зеде бодовите во 84. минута, кога Мартин Даневски донесе радост за гостите. 

Loading