,,ТАЈНА КАСА,, СО ЖЕТОНИ ВО ЦРКВАТА СВ. БЛАГОВЕШТЕНИЕ

Откриена е “тајна каса” со 500 жетони при реновирањето на црквата Св. Благовештение. Жетоните биле во ќеси. Тие се драгоцено богатство за парохијата и сведоштво за минатото. Според стручнаците, немаат парична вредност денес, а немале ниту кога биле ставени во “касата”. Ќе се стават  во црковниот музеј за презентација.

За монетите со различни мотиви, протоереј Златко Ангелески смета дека имаат посебно значење за историјата на нашата соборна црква.

– Санирајќи ја покривната конструкција од храмот, беа пронајдени две платнени ќеси со непознати монети над галеријата во делот каде што е просторијата за црковниот хор. Скриени меѓу графички листови со икони во мал бункер стоеле многу години, па платнените ќесички се скинаа по вадењето. Монетите се собраа комисиски и се изброија вкупно 500, а потоа се депонирани во црковниот сеф. Откако дел се исчистија од прашината, се откри дека станува збор за жетони – вели Ангелески.

Според нумизматичка литература, се користеле во калкулациите на сметките. Се изработувале од бакар или бронза. Имало и сребрени, а ретко златни. Познати се жетоните од Англија, Франција, Холандија, Германија… Првиот жетон е француски од 13 век.

Ангелески објаснува дека крајот на 18 век се карактеризира со развиени стоково-парични односи на Балканот.

– Османлиските монети не одговарале на пазарните потреби. Не  соодветствувале и странските монети со легитимен курс на османлискиот паричен пазар. Таа неопходност силно се чувствувала по црквите, чии услуги се вреднувале пониско со парите. Најпогодни се покажале жетоните на трговските куќи и бродските компании. Најверојатно, оттаму се жетоните во “тајната каса”. Ако се знае за оскудноста при градбата на црквата, не е чудно, жетоните намерно да се криени, поради опасност да бидат одземени од турските градски власти. Можно е жетоните да се завештание од некој прилепчанец. Можно е да се ставени и на денот кога се довршувала чатијата, во знак на благодарност за успешно довршеното грандиозно дело.  Можно е да се резерва за зло време. Сепак, ,,тајната каса,, носи карактеристика на економска ризница – раскажува протоерејот.

НЕМА ПОДАТОК КОГА СЕ ИСКОВАЛ ПРВИОТ ЖЕТОН

Зборот ,,жетон,, произлегува од францускиот глагол јетер, а во буквален превод значи ,,турка,, придвижува, поттикнува, зашто пресметувачите со туркање на жетоните врз специјална направа за таа намена, доаѓале до посакуваните резултати. Првите жетони биле во форма на сплескани лепчиња, со вообичаен дијаметар од околу 2 см и биле изработувани од камен, стакло, коска или бронза. Најпрво биле ковани низ ковачниците во Италија и Франција 

Loading