КРИВОГАШТАНСКО ОРО СЕ ЗАВИ ВО КОСОВО

Неколку стотина Македонци од реонот Гора во Косово беа домаќини на десетици културно уметнички друштва, фолкорни групи на народни песни и играорни дружини на Македонците од Бугарија, Албанија и Македонија. На едно место се зави оро од наследниците на Пиринците, Вардарците и на Македонците од Албанија. КУД Илинден од Кривогаштани го демонстрираше богатството на фолклорни танци на пелагонискиот регион во косовското шарпланинско подрачје Гора, каде што живеат Македонци со муслиманска вероисповед.

Младите од Кривогаштани, кои со години вешто го негуваат културното наследство, променети во рувото на своите баби и дедовци, на ритамот на гајдата, тапанот и кавалот, изведоа ора и запеаја, со што предизвикаа овации кај публиката. Средбата е традиционална. Се одржува со цел да се негуваат корените и да се одржуваат адетите на предците на денешните генерации.     

Loading