ПРИДОНЕС КОН БРОНЗАТА

КАРАТЕ

На 48-то Европско сениорско првенство во Будимпешта, Унгарија, македонски селектор за борби беше тренерот на КК Спорт 94 Петар Белистојаноски. Неговиот најистакнат каратист е Берат Јакупи со бронзен медал, единствен за државава. Забележа четири победи и еден пораз. Партиципираше Спорт 94 со тројца во борби. Теодора Бошкоска со отпор загуби во 1. коло, Тодор Ристески е седми со две победи и два пораза, а Мартин Петрески исто седми со три победи и два пораза.

Селектор во кати беше Златко Димоски од КК Ронин. Поединечно иако со две победи и само еден пораз, без пласман е Пуликсенија Јованоска, но ката тимот заедно со клубските другарки од Ронин, Зорица Спиркоска и Марија Матракоска, со една победа и два пораза се петти во Европа.

Loading