ШЕСТО МЕСТО

ШАХ

Заврши младинската шаховска лига до 16 години, на која школата Алкалоид од ВМ Звонко Станојоски го освои шестото место со 10 бода и 19 поени. На последниот турнир постигна триумф 3-1 против домашната Струга, двапати нерешено 2-2 со ВМ Влатко Богдановски и ВМ Дејан Стојановски. Настапија Давид Манески, Антонио Миланоски, Наум Стојаноски, Гошо Галески и Матеј Ѕвездакоски.

Првак во лигата со 16 бода и 28 поени е скопски Гамбит.

Loading